ATVA е семеен бизнис од Кичево, со приказна што започна во 1993 година и денес ја градиме заедно со околу 120 вработени.
Почнавме со продавница за чевли во стариот дел на Кичево. Потоа ја отворивме првата самопослуга на „Мирко Милески“ 47, каде што и денес е нашето седиште. Од таа мала продавница, чекор по чекор, се развиваше ATVA.
Првата самопослуга ја проширивме во маркет од 160 квадратни метри. На 14 август 2008 година направивме уште еден важен чекор: го отворивме супермаркетот од 600 квадратни метри на денешната локација на ATVA 2.
Денес работиме преку ATVA Marketi и ATVA Home Center. Нашите 10 маркети во Кичево и Македонски Брод нудат производи за секојдневните потреби, а трите Home Center продавници во Кичево, Охрид и Струга се посветени на уредувањето и опремувањето на домот.
Низ годините растевме, но останавме семеен бизнис. Важно ни е да ги познаваме луѓето со кои работиме и луѓето што пазаруваат кај нас. Многу купувачи ни се враќаат со години, а дел од нашите вработени се со нас повеќе од една деценија. Со нивниот труд и посветеност, ATVA стана она што е денес.
Веруваме дека добрите цени, изборот на производи и човечкиот однос се причина купувачите повторно да ни ја дадат својата доверба.
Колку и да растеме, сакаме да останеме блиски со купувачите и вработените и да го зачуваме семејниот однос со кој почнавме.